Назад
НАЗНАЧЕН ПРВ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА РУСИЈА ВО ОХРИД

На 29 февруари 2016 година Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак свечено му врачи патентно писмо на професорот д-р Велимир Стојковски назначен за почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.
Истиот ден, Амбасадорот ѝ го претстави проф. д-р Велимир Стојковски на заменик Министерот за надворешни работи на Република Македонија, м-р Драгана Кипријановска, на која, во согласност со меѓународната пракса, ѝ го предаде патентното писмо.
Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот «Св. Кирил и Методиј», стана прв во историјата почесен конзул на Русија во Охрид. Неговото конзуларно подрачје ги опфаќа териториите на општините Вевчани, Дебар, Дебарца, Демир Хисар, Кичево, Охрид, Ресен, Струга и Центар Жупа.
