Назад
НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ СЕ ОДРЖА 50. ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО РУСКИ ЈАЗИК, СКОПЈЕ, 20 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
На 20 април на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа 50. Државен натпревар по руски јазик. Овој пат, во чест на јубилејот, покрај учениците од основните и средните училишта, во одделни категории се натпреваруваа и оние кои рускиот јазик го учат на курсеви, како и студентите од Катедрата за славистика. Во текот на настанот на присутните им се обрати Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин, кој ја потенцира улогата на руски јазик во светската наука и уметност. Во просториите на Факултетот Амбасадорот исто така се сретна со професорите и учителите по руски јазик, каде што им одговори на прашањата, кои ги интересираа.