Назад

НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ПРИ УКИМ СЕ ОДРЖА СРЕДБА СО ПОЗНАТИОТ РУСКИ ПИСАТЕЛ ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН, СКОПЈЕ, 10 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, во организација на издавачката куќа „Антолог“ и Катедрата за руски јазик при Факултетот, се одржа средба со познатиот руски писател Евгениј Водолазкин, кој пристигна во Скопје за да учествува во фестивалот на европската литература BookStar2019, на тема „Неколку размисли за современиот роман“. Размислувањата на Е. Водолазкин, за многу прашања, како што е романот, времето, животот и историјата, изкажани со едноставен и ненаметлив стил, проткаен со спонатност и филозофија, побудија нескриен интерес кај присутните, кои го следеа настанот.
Меѓу присутните, во полната сала, беа и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, шефот на катедрата за руски јазик, проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева и др.
Во оваа пригода на Евгениј Водолазкин му беше доделена наградата BookStar2019 за романот „Авијатичарот“.