Назад

МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РУСИЈА СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ПОПОСКИ

На 22 септември во Њујорк на маргините на 71-та седница на Генералното Собрание на Обединетите нации Министер за надворешни работи на Руската Федерација г-дин Сергеј Лавров оствари средба со заменик-претседател на Владата и Министер за надворешни работи на Република Македонија г-дин Никола Попоски.

Се дискутираше за прашањата околу билатералните односи, заеднички пројекти за перспектива, се одржа размена на мислења за актуелни меѓународни прашања. Во контекст на неприсоединување на Македонија кон антируските мерки на ЕУ истакнат е обостран интерес за продолжување на сестраното унапредување на руско-македонската соработка.