МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА ГО ОДБЕЛЕЖА 10-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

На 25 март 2015 година во Скопје се одржаа свеченостите по повод 10-годишнината на Македонска-руска стопанска комора. На главниот настан беа присутни Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, гостите од Русија – попретседател на Ст o панската комора на Руската Федерација г-дин Георги Петров, Вонреден и Ополномоштен Амбасадор во оставка г-дин Владимир Солоцински, Почесен конзул на Македонија во Санкт-Петербург г-дин Михаил Бобров, како и високи македонски претставници – Потпретседател на Владата на Република Македонија-Министер за финансии г-дин Зоран Ставрески, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Михаил Цветков, Министер без ресор задолжен за прувлекување странски инвестиции г-дин Бил Павлески, заменик-министер за надворешни работи г-ѓа Драгана Кипријановска, заменик-генерален сткретар во Кабинетот на Претседателот г-дин Љубен Арнаудовски.
Во своето обраќање кон присутните, меѓу кои беа и многу претставници од компаниите-членки на Комората, македонски министерства и институции, медиумите и од општествено-политички кругови, Зоран Ставрески истакна дека Русија e еден од најзначаните економски и политички партнери на Македонија. Претседателот на Македонска-руска стопанска комора Ѓорѓи Дика ја истакна улогата на Комората во развојот на трговско-економските потенцијали на двете земји. Олег Шчербак го истакна значајниот влог на Коморота за проширувањето на руско-македонската соработка која моментално е во подем.
По повод 10-годишниот јубилеј раководителите на Комората и гости од Русија ги прими Претседателот на Република Македонија д-р. Ѓорге Иванов.
Кон својот јубилеј Македонска-руска комора издаде монографија за почетоците на својата дејност и своите успеси, како и македонско-руски аудио-видео бизнис разговорник.