Назад

ФОНД НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА Е ОДЛИКУВАН СО МЕДАЛ "70 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА"

 

На 22 јуни 2015 година Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак зеде учество во свечена церемонија на отворањето на изложбата „Патот на Црвената Армија од границите на Советскиот Сојуз до Берлин" која се одржа во Музејот на Холокаустот во Скопје.

Во својот поздравен говор Амбасадорот истакна големо значење на зачувување на историјската меморија и на вистината за нацистичките злосторства, на спречување на секои обиди на нивно оправдување кои закануваат со целосно обновување на нацистичката идеологија, особено сега, кога станува збор за обновувањето на неонацизмот и неофашизмот во некои земји од Источна Европа.

Истакнувајќи ја важноста на антифашистичката дејност на Еврејската заедница во Македонија и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Олег Шчербак му врачи на претседателот на Управниот одбор на Фондот г-дин Благоја Младеновски медал „70 години од Победата во Големата Татковинска војна 1941-1945 година".

- Оваа награда е знак на признание од нашата земја на научно-истражувачката дејност на Фондот и на неговиот активен општествен став - истакна Амбасадарот. Воедно тој изрази надеж за натамошно зацврстување и проширување на плодотворната соработка меѓу Фондот и Амбасадата.