Назад

ДИПЛОМАТИ ОД АМБАСАДАТА ПРЕДАДОА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НАСТРАДАНИ ВО ПОПЛАВИТЕ

На 14 септември 2016 година дипломати од Амбасадата на Русија во Македонија предадоа 14 кутии со храна и вода во фондот за собирање помош за настраданите од поплавите што се случија на 6 август оваа година во Скопскиот и Тетовскиот регион. Оваа добротворна акција во која учествуваа претставници и на други дипломатски мисии и невладини организации, се одржа во Амбасадата на САД во соработка со Македонскиот Црвен Крст и Институтот за трансфузиологија.