АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН УЧЕСТВУВАШЕ ВО ДОДЕЛУВАЊЕ СЕРТИФИКАТИ НА КУРСИСТИТЕ ОД ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК ВО ОХРИД, 23 СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА
На 23 септември 2019 година во Основното училиште "Христо Узунов" во Охрид беа доделени сертификатите на курсистите од втората генерација на бесплатните курсеви по руски јазик во Охрид, кои ги организира Рускиот центар при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
На доделувањето на сертификатите на присутните им се обратија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, заменикот градоначалник на Општина Охрид, Ристо Николески и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски. На доделувањето присуствуваше и проректорот за настава на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", проф. д-р Вујица Живковиќ.
Заедно со курсистите од оваа година, бројот на посетители на курсевите по руски јазик во Охрид е 140 посетители од сите возрасти.
Амбасадорот Сергеj Баздникин им се обрати на присутните:
«Почитуван професор д-р Велимир Стојковски (директор на Руски центар),
Почитуван господине Ристо Николевски (заменик градоначалникот на Охрид),
Почитуван професор д-р Вуица Живковиќ (проректор за настава во Универзитет „Св. Кирил и Методиј“),
Почитувани професори и слушатели на курсеви по руски јазик,
Драги пријатели,
Драго ми е да се сретнам со вас по многу пријатен повод – доделување сертификати на слушателите на курсевите по рускиот јазик во Рускиот центар при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Срдечно им го честитам на сите 37 алумни успешното завршување на оваа академска година. Посебна благодарност е до наставничката на филијалата на Рускиот центар во Охрид, Елена Сергеевна Обухова, за нејзиниот висок професионализам, одговорен и истовремено креативен пристап кон организирањето на образовниот процес.
Искрено сум им благодарен на директорот на Рускиот центар, Почесен конзул на Русија во Охрид, професор д-р Велимир Стојковски, на општина Охрид и лично на градоначалникот господин Константин Георгиевски, на директорот на училиштето „Христо Узунов“ госпоѓа Оливија Пирузева-Јанева, со чии напорите и поддршката успешно продолжува овој важен хуманитарен проект.
Оваа година вкупно 550 луѓе студираа на курсевите по рускиот јазик во Скопје и Охрид. Вкупниот број на луѓето што ги посетуваа курсевите од отворањето на Рускиот центар пред три години е повеќе од илјада и сто, што сведочи за сериозен интерес на македонските граѓани за рускиот јазик.
Курсевите се уникантна можност за Охриѓане не само да го научат рускиот јазик, туку и да допрат до духовното богатство и илјадагодишната култура на Русија и со тоа да ја збогатат нивната личност и внатрешниот свет, како и да добијат важна конкурентна предност во нивниот раст во кариерата.
Оти, рускиот е јазикот на светската литература, музика, наука, напредни технологии, вселенско истражување, исто така е официјалниот јазик на најголемата земја во светот, еден од официјалните јазици на ООН и другите меѓународни организации. И истовремено, тоа е јазикот што го прими во себе духовното наследство на Светите браќа Кирил и Методиј, што е темелот на нашиот заеднички културен код.
Амбасадата и Россотрудничество од своја страна ќе продолжиме понатаму да даваме целосна поддршка на активностите на курсевите, да придонесуваме за обновување на позициите на рускиот јазик, за проширување на можностите за изучување за сите, кои ќе го посакаат тоа.
Ви посакувам на сите слушатели нови успеси во изучување на рускиот јазик – "најбогати, најпрецизен, најмоќен и навистина магичен", како го нарекуваше рускиот писател и филозоф, убеден сум дека го знаете, – патем речено, тој беше седум пати номиниран за Нобелова награда за литература –Николај Александрович Бердијаев.
Ви благодарам за вниманието.»