Назад

АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ЈА ПОСЕТИ ФАБРИКАТА ЗА ОБЛЕКА "АСТИБО", ШТИП, 2 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

На 2 октомври Амбасадорот Сергеј Баздникин ја посети фабриката за облека "Астибо" во Штип.
Фабриката со повеќе од 100 вработени произведува различна женска и машка облека (фустани, блузи, панталони, јакни, палта) во премиум сегмент на пазарот. Производите се пласираат на пазари на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и други земји. Компанијата е заинтересирана за воспоставување соработка со руски партнери во производството по нарачка и во испораката на висококвалитетна облека.