Назад
АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО ОФИЦИЈАЛНОТО ОТВОРАЊЕ НА 31-ВА ПО РЕД БЕНЗИНСКА СТАНИЦА НА „ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“, НАСЕЛБА ЧЕНТО, 11 ЈУЛИ 2019 ГОДИНА
На 11 јули амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин учествуваше во официјалното отворање на 31-ва по ред бензинска станица на „ЛУКОИЛ Македонија“во населбата Ченто, на излезот од Скопје на патот кон Арачиново. Во текот на настанот освен амбасадарот на присутните им се обратија Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија и премиерот г. Зоран Заев. Покрај премиерот и амбасадорот, на отворањето присуствуваа и министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески, градоначалниците на Општина Гази Баба и Општина Арачиново, г. Борис Георгиевски и г-а Миликије Халими, како и голем број други претставници на државните органи и локалните власти.