Назад
АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН И ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА РОСЕЛХОЗНАДЗОР ОДРЖАА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, СКОПJЕ, 25 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
На 25 април Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин и делегацијата на Роселхознадзор се сретнаа со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Во текот на средбата се одржаа дискусијата за резултатите од преземените мерки од страна на властите за заштита на растенија од штетници, размената на искуства меѓу фитосанитарните служби на двете земји и соработката во организирањето на испораки на земјоделски производи.