Назад

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

 

Во врска со многубројните барања за коментар околу развој на настаните во Украина, кои пристигаат во Амбасадата на Русија во Република Македонија од средствата за јавно информирање, би сакале да известиме за следното.

 

Неодамнешниот државен удар и насилното преземање на власта во Киев станаа сериозен предизвик за принципите на демократијата и владеењето на правото, екстремно ги влошија состојбите во Украина и ја доведоа земјата во исключително тешка ситуација. «Владата на победниците» која се најде на власт, се потпира врз радикални националисти и покрена кампања со цел насилна морално-психичка репресија на неистомисленици, поттикнување на русофобијата и антисемитизмот, рехабилитирање на фашистичката идеологија, потиснување на најосновните човекови права, со што предизвика длабок раскол во општеството и масовни протести.

 

На тој начин, моменталната криза во Украина директно резултираше од неодговорно однесување на новиот режим, има исключиво внатрешен каратер и сите обиди да одговорноста за случувањата да се префрли врз Русија се апсолутно неосновани.

 

На Руската Федерација, секако, не и е сèедно што се случува во таа соседна и пријателска држава, со чиишто народи нè поврзуваат повеќевековни односи на братство и духовно заедништво. Се разбира, сме исто така длабоко загрижени за безбедноста и судбината на милионите наши сонародници кои живеат во Украина, и во случај на натамошно влошување на ситуацијата сме подготвени, во рамките на меѓународното право и нашите можности, да им дадеме соодветна поддршка. Во исто време сме цврсто убедени дека решение на заострените проблеми може да биде најдено исклучиво од самите народи на Украина по пат на широк општонационален дијалог, со почитување на интересите на сите региони во земјата.

 

Земајќи ја во предвид и онака висока напнатост околу настаните во Украина, сметаме дека е контрапродуктивно натамошно зголемување на тензиите, меѓу другото и во средствата за јавно информирање, и повикуваме на смирување на страстите.

 

Поаѓаме од тоа дека е во интерес на сите заинтересирани страни во Украина, како и на целата меѓународна заедница враќање на внатрешните политички процеси во Украина во правната рамка на цивилизирани демократски односи. Русија на секој можен начин ќе дава свој придонес за тоа.