Назад

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Во врска со соопштението на службата за информирање на Владата на Република Македонија што беше пренесено од страна на МИА и други медиуми, а по повод средбата на Амбасадорот на Руската Федерација г.Олег Шчербак со Претседателот на Владата на Република Македонија, г.Зоран Заев, која се одржа на 19 октомври 2017 година, Амбасадата информира дека текстот на посоченото соопштение не е усогласен со руската страна и не претставува сосема коректен одраз на одделни оценки кои беа изнесени за време на разговорот од страна на Амбасадорот на Русија. Во исто време, руската страна ја потврдува својата посветеност на сестрано и конструктивно унапредување на традиционално пријателските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

 

20 октомври 2017 година