Назад

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, дадени на 16 јули во неговото интервју за BuzzFeed News и в коментар за македонски медиуми, со обвинувања за наводно финансирање на антивладини протести во Македонија од страна на некои «бизнисмени од Русија».

Сметаме дека ваквите паушални изјави, како и неодамнешните наводи од страна на Министерот за одбрана, Радмила Шекеринска, имаат за цел ширење на русофобијата, која што преку западните партнери на Македонија сѐ почесто се прифаќа како алатка за постигнувње сопствени внатрешни и надворешно политички цели.

Во тој контекст се доведува во прашање искреноста на заложбите на Владата на Република Македонија за градење пријателски односи со Руската Федерација.

Очекуваме дека македонската страна, во рамките на правното поле на својата држава и меѓународната практика, ќе спроведе детална и објективна истрага на наводите на кои алудираат посочените членови на Владата на Република Македонија, и ќе ѝ презентира на јавноста, како и на руската страна, реални факти, а не конструкции.

Сметаме дека се контрапродуктивни и неодговорни обидите за заплашување на граѓаните со измислена «руска закана».