Назад

ОДГОВОР НА МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА СЕРГЕЈ ЛАВРОВ НА ПРАШАЊЕТО ЗА ВРЕМЕ НА ЗАЕДНИЧКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА (БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА) МИЛОРАД ДОДИК, 21 СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА

Сега мошне сложена ситуација се создаде во Македонија по потпишувањето на Преспанската спогодба, за чија што легитимност повеќе македонски политички сили стават под знак прашалник. Како што знаете, ќе има референдум. Ве повикувам да видите на социјалните мрежи, интернет, медиумите и да забележите што зборува Русија по тој повод. Ние не кажуваме нешто што би можело да се протолкува како агитација за гласање на еден или на друг начин. Од друга страна видете го бројот на западните гости кои ја посетија Македонија во текот само на овој месец. Тоа се лидери на голем број европски земји, претставници на раководството на САД. Сите тие во своите јавни настапи во Скопје не се срамат да агитираат за гласање за Преспанската спогодба на референдумот. Ако тоа не е директно мешање во внатрешни работи, тогаш не знам што може да се нарече мешање.