Назад

МНР НА РУСИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ «PUSSY RIOT»

 

 

На 22 августа 2012 официјалниот претставник на МНР на Русија А.Лукашевич одговараше на прашања на новинарите во врска со пресудата за случајот «Pussy Riot»

 

Прашање: Како ќе ја искоментирате пресудата во однос на случајот «Pussy Riot»? Не е ли превисока казната за претставничките на панк-културата за нивниот некоректен однос во Храмот?

 

Одговор: Пред сѐ сакам да подвлечам дека пресудата на учесничките во т.н. «панк-молебен» во храмот на Христос Спасителот беше донесена од Хамовничкиот суд на Москва по темелна проверка на сите факти за случајот во рамките на важечките процесуални норми на Руската Федерација и можат да биде обжалена од нивна страна или од страна на нивни претставници во повисоките судски инстанси на начин предвиден со законот.

 

Што се однесува до висината на казната, би сакале да напоменеме дека судскиот систем во Русија е независна гранка на власта. За нецелесообраноста на премногу строгата казна на учесничките на групата зборуваше претседателот В.Путин, а Вишиот црковен совет на РЦП излезе со повик за милосрдие кон девојките во случај на нивно покајување. Иако во голем број западни земји (на пример во Германија, Финска, Австрија итн.) се предвидени и многу посериозни казни за обиди на вмешување во богослужење, постои и забрана за носење маски на јавни места.

 

Прашање: Случајот « Pussy Riot» од страна на Запад се сфаќа како пример за ограничување на слободата на говорот и на уметничкото самоизразување. Што можете да кажете во врска со тоа?

 

Одговор: Навистина, во странство се организирање мошне бурна кампања за заштита на учесничките на групата. Притоа основата на «уметничкиот перформанс» отиде на втор план. Нашите опоненти не го зедоа предвид карактерот на акцијата на оваа панк-група, коj е навревредлив за милиони православни верници и за луѓето од друга вероисповед, кои се придржуваат до традиционалните сфаќања за морал.

 

Всушност, ова не е прв «перформанс» на претставничките на групата «Pussy Riot», кои ги протажираа своите «уметнички идеи» уште во составот на познатата група «Војна». Оние што успеале да се запознаат со «слободата на самоизразување» на групата «Војна», знаат какво «дејствување» во група во форма на непристоен грев со учество на бремени жени направија тоа во музејот и како тие во своето «творештво» вклучија и мртва кокошка, и тоа во присуство на малолетно дете. Од непознати причини не предизвика негодување кај толерантниот Запад и нивната чудна акција со «бесење» гастербајтери и претставници на сексуалните малцинства во еден супермаркет.

 

Ако зборуваме за слободата на творечкото самоизразување, тогаш сакаме да напоменеме, како минатата година арт-групата «Војна» според одлуката на жирито стана лауреат на државната награда за визуелна уметност «Иновација» во номинацијата «Дело на визуелната уметност» за уметничкиот опус, кој во јавноста беше различно прифатен. Така што укорувањето за задушување на слободата на творештвото од страна на претставниците на акционизмот во уметноста тука е сосема неосновано.

 

Прашање: Очигледно е дека судењето на «Pussy Riot» негативно повлијае врз имиџот на Русија. Вреден ли е случајот за една мала арт-група, за Русија да «се прослави» во целиот свет како земја во која се нарушуваат основните права и слободи?

 

Одговор: Може да се констатира дека случајот со споменатата панк-група беше само повод за уште еден бран избрзани, необјективни и политички ангажирани оценки. Се добива впечаток дека за некои организации за заштита на човековите права и за некои медиуми не е толку важна иднината на овие млади жени, колку што е важна можноста за уште еден скандал на антируско ниво.

 

Згора на тоа, тука постојат и елементи на конфликт на цивилизациите. Во постмодернистичкиот Запад многумина забораваат на христијанските корени на Европа, а во истовреме не сакаат да ги почитуваат чувствата на припадниците на другите вери, сметајќи дека религијата ја ограничува демократијата. Тие се залагаат за целосна слобода на акциите слични на оние со кои се «прослави» групата «Pussy Riot». Ние сме уверени дека заборавањето на нормите на моралот, кои се заеднички за сите светски религии, е погубно и се обидуваме и во секојдневието и во политиката да се придржуваме не само кон меѓународното право, туку и кон традиционалните вредности. Кога станува збор за «нетрадиционалните вредности», сметаме дека тие се допустливи само доклку не противречат со законот и со моралот.

 

Не треба да се заборави и за тоа дека основните меѓународни законски инструменти за човековите права се основаат на тоа дека слободата на изразувањето на мислењето не е апсолутна и е поврзана со многубројно ограничувања. Така, во согласност со точка 3 став 19 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права од 16 декември 1966 година, користењето на правото на слобода на изразување на сопственото мислење «претполага посебни обврски и посебна одговорност и може да биде «подвргнато на некои ограничувања, кои треба да бидат предвидени со закон и кои се неопходни за почитување на правата и репутацијата на други лица и за зачувување на државната безбедност, општествениот поредок, здравјето и моралот на населението».

 

Европската конвенција за заштита на човековите права и на основните слободи од 4 ноември 1950 година во точка 2 став 10 предвидува дека «реализирањето на слободата на изразувањето на мислењето може да биде пропратено со определени услови, ограничувања и санкции, кои се предвидени со законот и кои се неопходни во демократското општество во интерес на националната безбедност, територијалната целост или општествениот поредок, со цел спречување нереди или криминал, за зачувување на здравјето и моралот, заштита на репутацијата или правата на други лица, спречување на распространување тајни информации или обезбедување на авторитет и непристрасност на правосудството».

 

Тоа се правни обврски на сите држави и тие треба да се исполнуваат.