Назад

КОМЕНТАР НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПЕЧАТ ВО МНР НА РУСИЈА ВРСКА СО ВЛОШУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНОПОЛИТИЧКАТА СИТУАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Длабоко сме загрижени од последните случувања во Република Македонија. На 27 април опозицијата која ги зазгуби парламентарните избори, со самоиницијативен избор на претседател на Собранието грубо прекршувајќи ги постоечките процедури, фактички изврши обид за насилно освојување на власта во земјата. Настанатата физичка пресметка со учество на демонстранти кои им се спротивставија на „самозванците„ резултираше со настрадани лица, од кои некои беа хоспитализирани.

Официјални претставници на ЕУ, амбасадори на низа европски земји и на САД веднаш го поздравија  ”новиот претседател“ на парламентот, инаку поранешен командант на албанската т.н ”Народна ослободителна армија“. Таквата молскавична координирана реакција несомнено сведочи дека ова сценарио беше испланирано однапред со преќутно знаење на ”надворешните куратори“ на македонската опозиција. Тоа уште еднаш го потврдува фактот дека главната причина на тековната внатрешнополитичка криза во Република Македонија е флагрантното мешање во внатрешните работи на оваа земја. Очигледно е дека се работи за бескрупулозно манипулирање со волјата на граѓаните со цел симнување од власт на легитимна влада.

Натамошен развој на настаните според ова сценарио, обидите земјата да биде редифинирана врз основа на така наречената ”тиранска платформа“ закануваат со уште посилно заострување на тензиите, можат да доведат до деградирање на ситуацијата кон конфликт вклучително и на меѓуетничка основа. Доколку се потсетиме дека на истиот ден фрацузскиот суд, и покрај Интерпол потерница од Србија, го ослободи косовскиот Албанец Рамуш Харадинај, очигледно е дека станува збор за недвосмислена поддршка на големоалбанските амбиции од страна на Западот.

Во настанатата ситуација адекватно решение може да биде најдено само по пат на внатрешномакедонски дијалог во рамките на уставно-правниот поредок. Неопходно е да се престане секој надворешен притисок, а на одговорните политички сили на Република Македонија да им се овозможи самите да одлучуваат за натамошен развој на земјата.