Назад

ИНФОРМАЦИJА ЗА СOНАРОДНИЦИ

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИJА!

 

Вe информираме, дека на 4 декември 2011 година (недела) ќе се одржат избори за пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерациjа. За да се реализираат избирачките права на руските граѓани, кои имаат престоj во Република Македониjа, од 8.00 до 20.00 ќе бидат отворени избирачки места во Амбасадата на Русиjа во Скопjе (Пиринска 44, тел. 02/311-71-60) и во Почесниот конзулат на Русиjа во Битола (Маршала Тито 37, тел. 075/479-408).

 

Руските граѓани, кои постојано престоjуваат во Македониjа или се наоѓаат во земjава со приватно, на службен пат или како туристи, можат да земат учество во изборите доаѓаjќи на едно од наведените избирачки места со валиден пасош.

 

На граѓаните, кои престоjуваат на териториите на општините Битола, Струга, Охрид, Ресен, Крушево, Прилеп им препорачаме да доjдат за да гласаат на избирачкото место во Битола.

 

Амбасада на Руската Федерациjа во Република Македониjа