АМБСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН СЕ СРЕТНА СО МИНИСТЕРОТ АРЈАНИТ ХОЏА, СКОПЈЕ, 22 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА
На 22 октомври, се одржа средба на Амбасадорот Сергеј Баздникин и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.
Руската Федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а заложбите на двете пријателски земји се насочени кон негување на меѓусебните односи и унапредување на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи. Извозот во Руската Федерација бележи континуиран пораст што и во услови на пандемија предизвикана од COVID-19 го задржа истиот тренд.
Министерот Хоџа потенцираше дека рускиот пазар е многу значаен за нашите фирми кои извезуваат свежо и преработено овошје и зеленчук, како и за винариите и во таа насока, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе излезе во пресрет на нивните барања за продолжување на поддршката за промоција на нивните производи и организирање бизнис средби меѓу заинтересираните фирми од двете земји.
Во рамки на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Русија и Северна Македонија, земјоделството е важно поглавје, во кое се утврдени сите механизми на соработка и таа ќе продолжи со интензивна работа во наредниот период.
Амбасадорот Баздникин, најави дека ќе биде реализирана посета од страна на руските ветеринарни инспекциски служби на извозните објекти од млечната индустрија , со цел да добијат дозвола за извоз на рускиот пазар.