ДОБРОДОЈДОВТЕ

во Конзуларното одделение

во Амбасадата на Русија во Македонија

Конзуларното одделение е отворено за прием на странки во вторник, четврток и петок од 9.00 до 13.00 часот.

Адреса:

Пиринска, бр. 44, 1000 Скопје

Тел.

+389-2-321-53-49

Факс.

+389-2-311-78-08

E-mail.

cons.macedonia@mid.ru,  skopje@dks.ru

Шеф на Конзуларното одделение e Алексеј Бабкин.

 

Информации за визи

Конзуларното одделение во Амбасадата на Русија во Македонија прима формулари - апликации за издавање виза само во електронска верзија. Формуларите се пополнуваат на веб-страна на Конзуларниот директорат на МНР на Русија https://visa.kdmid.ru. При поднесување на барањето за издавање виза подносител на барањето мора да поднесе формулар испечатен од веб-страната на Конзуларниот директорат на МНР на Русија. Формуларите пополнети на друг начин нема да бидат примени.

Странски државјани и лица без државјанство можат да влезат на територијата на Руската Федерација и излезат од истата доколку поседуваат руска виза и валидна патна исправа за утврдување на идентитетот, која Руската Федерација ја признава во ова својство, доколку поинаку не е определено со меѓународни договори на Руската Федерација.

 

Подносител на барањето мора да поднесува документи лично или извади полномошно за друго лице.

Плаќањето за виза се врши во целост и при поднесување на документите.

Парите земени од граѓаните за конзуларните дејства, во случај на одбивање на овие конзуларни услуги, не се враќаат.

 

Го обрнуваме Вашето внимание, дека од 31 октомври 2008 година влезе во сила меѓувладината спогодба, со која се поедноставуваат визните правила. Подетални информации се наоѓаат тука.

 

Исто така го обрнуваме Вашето внимание дека и покрај отсутство на визниот режим меѓу државите-учесници на Царинската унија, државјаните на Македонија коишто патуваат во Белорусија или Казахстан преку Руската Федерација треба да добијат транзитна виза во руските дипломатско-конзуларни претставништва.

 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТРАНЦИ КОИ ПЛАНИРААТ ПАТУВАЊЕ ВО РУСИЈА

 

Според одлуката на Владата на Руската Федерација од 16 август 2004 година бр.413 За миграциската крата при влегување во Руската Федерација странски државјанин е обврзан да ја извади и пополни миграциската карта, да му ја покаже на овластено лице од граничната полиција кое во миграциската карта ќе стави ознака за влегување во Руската Федерација доколку податоците внесени во миграциската карта се совпаѓаат со податоците од визата и од пасошот на странецот.

Бланките на миграциската карта на странските државјани им издаваат бесплатно при нивното влегување во Руската Федерација овластени лица од граничната полиција или претставници на меѓународните организации кои им даваат транспортни услуги на странските државјани кои влегуваат во Руската Федерација.

Миграциската карта се чува кај странскиот државјанин во текот на неговиот престој во Руската Федерација и се поднесува заедно со другите документи за пријавување според место на живеење.

Доколку маграциската карта се расипе или изгуби странскиот државјанин мора во рок од три дена да информира за тоа територијален орган на МВР на Русија според место на живеење. Кога странскиот државјанин ги поднесува документите врз основа на кои тој влезе во Руската Федерација, нему бесплатно му се издава дупликат на миграциската карта.

При излегување од Руската Федерација странски државјанин е обврзан да му ја врати миграциската карта на овластено лице од граничната полиција во место на преминување на државната граница на Руската Федерација.