Назад

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД 20-ГОДИШНИНТА ОД ВОСПОСТОВУВАЊЕТО НА РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ

 

На 27 јануари 2014 година Амбасадата на Руската Федерација во соработка со Министерство за надворешни работи на Република Македонија приреди во Скопје прием по повод 20-годишнината од воспостовувањето на дипломатските односи меѓу двете држави. Во свечената прослава зедоа учество Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, министрите Веле Самак и Хади Незири, поглаварот на Македонската православна црква Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх д-р Киро Стојанов, ректор на Универзитетот " Св.Кирил и Методиј " Скопје професор Велимир Стојковски, претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски, шефови на дипломатските мисии и претставници на меѓународните организации акредитирани во Скопје, политички, општествени и културни дејци, бизнисмени, новинари, раководители на здруженијата за македонско-руско пријателство.

 

Свеченоста ја отвори Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак, кој ги поздрави присутните и истакна дека руско-македонската соработка е од заемна полза, таа се темели врз принципите на вистинска рамноправност, заемна почит, доверба, почитување на темелните норми на меѓународното право, има огромен потенцијал за натамошно унапредување за доброто на народите на двете земји, како и за зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот.

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во своето обраќање посебно укажа дека Республика Македонија и Руската Федерација имаат реална и силна основа за партнерство, за пријателство и меѓусебно почитување.

 

На приемот присутните имаа можност да ја разгледаат и поставената документарна изложба посветена на историјата на руско-македонските односи.