Назад

ДРЖАВЈАНИ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ОДЛИКУВАНИ СО ВИСОКИ ДРЖАВНИ ПРИЗНАНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Фото МИА

На 23 јануари 2014 година, по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со указ одликуваше двајца руски државјани кои дадоа голем личен придонес за унапредување на соработката меѓу Русија и Македонија, со високи државни признанија.

Со Орденот "За заслуги за Македонија" е одликуван д-р Евгениј Суханов, заслужен правник на Руската Федерација, професор на катедрата за граѓанско право, а со Медалот "За заслуги за Македонија" – д-р Елена Верижникова, доцент на катедрата за словенска филологија, двајцата од Државниот универзитот "М.В. Ломоносов " Москва