Амбасадор
Сергеј БАЗДНИКИН
Сергеј Баздникин е роден на 30 септември 1967 година. Во 1989 година дипломирал на Московскиот Државен институт за меѓународни односи со највисоки оценки. Слободно зборува англиски и српски јазик. Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.
На дипломатска служба е од 1989 година. Има големо работно искуство во МНР на Русија и во странство. Од 2001 до 2005 година советник во Амбасадата на Русија во Босна и Херцеговина, од 2005 до 2006 година раководел со Канцеларијата на Амбасадата на Русија во Приштина, Србија. Од 2007 до 2010 година бил раководител на одделение на Департманот за надворешно политичко планирање во МНР на Русија. Од 2010 до 2018 година бил заменик-директор на Департманот за надворешно политичко планирање во МНР на Русија.
Женет е. Има син.
На 18 септември 2018 година му ги предал акредитивните писма на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.