ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БЕСМРТЕН ПОЛК“
На 5 мај 2018 година во Скопје се одржа манифестација „Бесмртен полк“. Пред самиот настан во параклисот „Свети Георгиј Победоносец“ се одржа молебен за помен на руските војници загинати во сите времиња за верата и Татковината.Со молебенот чиноначалствуваше Архимандрит Васијан (Змеев), настојателот на Подворјето на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил во Софија. Потоа гостите преминаа на платото пред спортскиот центар „Јане Сандански“ каде што беше поставен ”Ѕид на сеќавање“, банер 6 х 4 метри со симболот на манифестацијата и фотографии на борци-антифашисти обезбедени од руски сонародници, Сојузот на борци од народноослободителната борба во Скопје и Струмица, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вработени во Руската Амбасада и од граѓани на Македонија. Вкупно пред ”Ѕидот на сеќавање“ се собраа околу 250 граѓани од Русија и од Македонија, како и претставници на дипломатскиот кор. За време на манифестацијата гостите од рускиот град Електростаљ (Московска област), солистки на градски уметнички колектив Аљона Мартинова и Екатерина Карташова кои дојдоа во Македонија во состав на официјална делегација од Електросатљ збратимена со Струмица, изведоа советските воени песни, а ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ рецитираа стихови за Големата Татковинска војна на рускиот јазик.