Амбасада на Руската Федерациjа во Северна Македониjа
Тел. +389 2 311-7160
Тел. +389 2 321-5349 (Конзуларно одделение)
/
01 септември / 2016

ОТВОРЕНА НОВА ЗГРАДА НА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛАТ НА РУСИЈА ВО БИТОЛА

На 31 август во Битола се одржа свечена церемонија на отворањето на новата зграда на Почесниот конзулат на Русија во Битола. Меѓу многубројни гости на свечената церемонија беа присутни Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, заменикот-министер за надворешни работи на Македонија, г-дин Илија Исајловски, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, претставници од локалните власти од Битола и од другите општини кои спаѓаат во конзуларната еднициа, од дипломатскиот кор, од културни и деловни кругови, а исто така почесни конзули на други земји, руски сонародници и претставници на здруженија за македонско-руско пријателство. Во својот поздравен говор рускиот Амбасадор истакна дека „Оваа година е многу богата со добри настани поврзани со дејноста на почесните конзули кои традиционално играат важна улога во развој на трговско-економски, културни и хуманитарни односи меѓу државите, придонесуваат за зближување на народите и зацврстување на нивно заемно разбирање". "Во мај оваа година свечено го отворивме Почесниот конзулат на Русија во Охрид. Денес сме присутни на церемонијата на отворањето на новата зграда на Почесниот конзулат на Русија во другата широка конзуларна единица со центар во град Битола. Ова е добар знак кој сведочи дека руско-македонските односи се унапредуваат и добиваат нова динамика и големина“ - рече Олег Шчербак.

На новиот Почесен конзул на Русија, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, Амбасадорот му врачи егзекватура - документ кој на почесeн конзул му овозможува да почне да ги извршува своите обврски - и изрази увереност дека тој „со неговата енергија и посветеност ефикасно ќе ги врши задачите на почесен конзул во оваа конзуларна единица која игра посебна улога за односите меѓу нашите два духовно блиски народи”. 

По официјалното отворање новите работни простории на конзулатот ги освети Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан.

Церемонијата заврши со спектакуларен концерт на ѕвездите на македонската популарна сцена, Еелена Ристеска и руската сонародничка Викторија Лоба.