Амбасада на Руската Федерациjа во Северна Македониjа
Тел. +389 2 311-7160
Тел. +389 2 321-5349 (Конзуларно одделение)
/

За издавање на единствените електронски визи за странски државјани

Ве известуваме дека од 1 август 2023 година, граѓаните на Северна Македонија, како и граѓаните на другите држави наведени во Уредбата на Владата на Русија бр. 2571-r од 6 октомври 2020 година, повторно можат да добијат единствената електронска виза валидна низ цела Русија.

Основа за издавање електронска виза е апликација на странски државјанин, пополнета во електронска форма на веб-страницата на Министерство за надворешни работи на Русија на https://electronic-visa.kdmid.ru или преку мобилна апликација објавена за преземање на наведената веб-страница. Имајте предвид дека апликацијата мора да се поднесе најдоцна 4 календарски дена пред очекуваниот датум на влез во Русија. 

Во прилог на апликацијата треба ба бидат дигитална фотографија и скенирана страницата на пасош со лични податоци на странски државјанин.Во согласност со постојното законодавство на Русија, електронската виза се издава на платена основа и Ви дава право на еднократен влез во Русија за престој во Русија како гостин или турист, или со деловна посета, како и да учествувате во научни, културни, општествено-политички, економски, спортски настани. Периодот на важност на електронската виза од датумот на нејзиното издавање е 60 дена, дозволениот период на престој на странски државјанин – не повеќе од 16 дена од датумот на влегување на територијата на Русија.

Единствените електронски визи важат за влез и излез по воздушен, патен и воден транспорт, како и без употреба на возила преку контролни пунктови на државната граница на Русија (списокот е достапен на https://electronic-visa.kdmid.ru).Транспортните компании можат да ја проверат достапноста на визата на https://evisacheck.kdmid.ru.

Единствената електронска виза можат да добијат државјани на следните странски земји: Австрија, Андора, Бахреин, Белгија, Бугарија, Ватикан, Унгарија, Германија, Грција, Данска, Индија, Индонезија, Иран, Ирска, Исланд, Шпанија, Италија, Кипар, Кина (вклучувајќи Тајван), Демократска Народна Република Кореја, Кувајт, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Луксембург, Малезија, Малта, Мексико, Монако, Холандија, Норвешка, Оман, Полска, Португалија, Романија, Сан-Марино, Саудиска Арабија, Северна Македонија, Србија, Сингапур, Словачка, Словенија, Турција, Филипини, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска, Естонија, Јапонија.