ДОБРОДОЈДОВТЕ

во Конзуларното одделение

во Амбасадата на Русија во Македонија

Конзуларното одделение е отворено за прием на странки во вторник, четврток и петок од 9.00 до 13.00 часот.

Адреса:

Пиринска, бр. 44, 1000 Скопје

Тел.

+389-2-321-53-49

Факс.

+389-2-311-78-08

E-mail.

cons.macedonia@mid.ru,  skopje@dks.ru

Шеф на Конзуларното одделение e Алексеј Бабкин.

 

Информации за визи

Конзуларното одделение во Амбасадата на Русија во Македонија прима формулари - апликации за издавање виза само во електронска верзија. Формуларите се пополнуваат на веб-страна на Конзуларниот директорат на МНР на Русија https://visa.kdmid.ru. При поднесување на барањето за издавање виза подносител на барањето мора да поднесе формулар испечатен од веб-страната на Конзуларниот директорат на МНР на Русија. Формуларите пополнети на друг начин нема да бидат примени.

Странски државјани и лица без државјанство можат да влезат на територијата на Руската Федерација и излезат од истата доколку поседуваат руска виза и валидна патна исправа за утврдување на идентитетот, која Руската Федерација ја признава во ова својство, доколку поинаку не е определено со меѓународни договори на Руската Федерација.

 

Подносител на барањето мора да поднесува документи лично или извади полномошно за друго лице.

Плаќањето за виза се врши во целост и при поднесување на документите.

Парите земени од граѓаните за конзуларните дејства, во случај на одбивање на овие конзуларни услуги, не се враќаат.

 

Го обрнуваме Вашето внимание, дека од 31 октомври 2008 година влезе во сила меѓувладината спогодба, со која се поедноставуваат визните правила. Подетални информации се наоѓаат тука.

 

Исто така го обрнуваме Вашето внимание дека и покрај отсутство на визниот режим меѓу државите-учесници на Царинската унија, државјаните на Македонија коишто патуваат во Белорусија или Казахстан преку Руската Федерација треба да добијат транзитна виза во руските дипломатско-конзуларни претставништва.