ОСНОВНИ ДАТУМИ

ВО НАЈНОВАТА ИСТОРИЈА НА РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ

 

4 август 1992 година

Претседателот на Руската Федерација го потпиша Указот, со кој Република Македонија се признава како суверена независна држава, под нејзиното уставно име.

 

31 јануари 1994 година

Руската Федерација и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. Соодветна спогодба беше склучена со размена на ноти меѓу двете Министерства за надворешни работи.

 

6 октомври 1994 година

Владата на Руската Федерација донесе Одлука за трансформирање на Претставништвото на Русија во Скопје, во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

 

27 јануари 1998 година

Претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија, во Москва, ја потпишаа Декларацијата за пријателство и соработка меѓу двете земји.

 

22 мај 2002 година

Во Битола беше свечено отворен Почесен конзулат на Руската Федерација.

 

 

АМБАСАДОРИ

НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Пјотр ДОБРОСЕРДОВ (†2006) 

Амбасадор во Македонија од 1996 до 2000 год.

Роден е на 17 јануари 1947 година во Москва

Во 1970 година дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи при МНР на СССР. Од 1970 година бил на дипломаткса служба. Имал дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Киро Глигоров на 26 декември 1996 година, а ја завршил својата мисија на 22 јуни 2000 година.

Од 2000 до 2006 година бил Амбасадорот во МНР на Русија.

 

Владимир ИВАНОВСКИ

Амбасадор во Македонија од 2000 до 2002 год.

Роден е на 9 мај 1948 година во Москва.

Во 1977 година дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи при МНР на СССР. Во 1986 година ја завршил Дипломатската академија во Москва. На дипломатска служба е од 1977 година. Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Борис Трајковски на 31 јули 2000 година, а ја завршил својата мисија на 30 јануари 2002 година.

Од 2002 до 2004 година бил Амбасадор на Русија во Србија и Црна Гора, од 2004 до 2007 година работел како Амбасадор во МНР на Русија, а од 2007 година е Амбасадорот на Русија во Турција.

 

Агарон АСАТУР

Амбасадор во Македонија од 2002 до 2006 год.

Роден е на 27 февруари 1944 година во Ереван.

Во 1967 година дипломирал на Институтот за ориенталистика при Универзитетот "М.В.Ломоносов" - Москва. На дипломатска служба е од 1968 година. Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Борис Трајковски на 14 март 2002 година, а ја завршил својата мисија на 15 јули 2006 година.

 

Владимир СОЛОЦИНСКИ

Амбасадор во Македонија од 2006 до 2010 год.

Роден е на 25 септември 1948 година во Москва.

Во 1970 година дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи при МНР на СССР. На дипломатска служба е од 1972 година. Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Бранко Црвенковски на 29 август 2006 година, а ја завршил својата мисија на 18 декември 2010 година.

 

Олег ШЧЕРБАК

Амбасадор во Македонија од 2011 год.

Роден е во 1950 година.

Во 1972 година дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи при МНР на СССР. На дипломатска служба е од 1972 година. Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Ѓорге Иванов на 28 јануари 2011 година.