Олег ШЧЕРБАК

Олег Шчербак е роден во 1950 година. Во 1972 година дипломирал на Московскиот Државен институт за меѓународни односи при Министерството за надворешни работи на СССР.

Слободно зборува свахили, англиjски и француски jазик.

На дипломатска служба е од 1972 година. Работел во Амбасадите на Руската Федерациjа во Танзаниjа (1972-1975 г.), Кениjа (1984-1990 г.), во Постоjаното Претставништво на Руската Федерациjа при ООН во Њујорк, САД   (1993-1998 г.).

Од 2001 до 2007 година бил Амбасадор на Руската Федерациjа во Република Зимбабве и во Република Малави.

Од 2008 до 2010 година бил Директор на Департманот за безбедност во Министерството за надворешни работи на Русиjа.

Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Амбасадор.

Женет е. Има ќерка и син.

На 28 јануари 2011 година му ги предал акредитивните писма на Претседателот на Репубника Македонија Ѓорге Иванов.