Назад

ЗАБОРАВЕНИТЕ ЛЕКЦИИ ОД ИСТОРИЈАТА. КОЛУМНА НА ВТОР СЕКРЕТАР ВО АМБАСАДАТА, г-дин АЛЕКСЕЈ КРИВОШЕЕВ, ОБЈАВЕНА ВО "НОВА МАКЕДОНИЈА", 09.05.2017

Од 1945 година во многу земји 9 Мај се одбележува како празник на победата над фашизмот и на ослободувањето од „кафеавата чума“ и идеологијата исполнета со омраза кон човекот. За изминатите седум децении навикнавме на мир, желбата „мирно небо над главата“ во повеќето европски земји стана некако ритуално - небото може да биде само мирно, бидејќи многумина од нас не видоа ништо друго! Пораснаа генерации што не почувствувале ниту бомбардирања, ниту концентрациони логори, ниту монструозни ѕверства на Хитлеровите нацисти. Истражувајќи ја историјата на Втората светска војна може само да се чуди, како разумни и цивилизирани луѓе успеаја толку заемно да се замразат за да војуваат до целосно уништување.  Долго време никој не смееше да ги оспори резултатите од Втората светска војна, да ја оправдува политиката на агресорот - нацистичката Германија, нејзините сателити и поддржувачи. Историјата беше едноставна и јасна. По Хитлеровото доаѓање на власт, Германија почнала да води освојувачки војни, ја окупирала речиси целата Европа и го започнала освојувањето на светското господство и уништување на народите што фашистите ги прогласија за „нелуѓе“. 

Како резултат на жестоката војна, која на многу земји им чинела десетици милиони животи (само СССР изгубил 27 милиони луѓе) нацизмот бил поразен и тогаш се чинело дека засекогаш. Меѓутоа, се случува дека во светската историја сериозни промени се започнуваат од мали нешта, чијшто разурнувачки потенцијал понатаму може да се покаже како многу значаен. Од почетокот на 1990-тите години, по распадот на СССР во балтичките земји повторно почна да се обновува идеологијата на омраза кон човекот. Почнаа да се свират нацистички маршеви, се појавија луѓето облечени во нацистичката униформа. Овие опасни трендови или се премолчуваа, или се поддржуваа. Поттикнувањето заемна омраза почнуваше од едноставни работи - навреди кон меморијата на загинатите војници, разурнување на гробиштата, навреди кон ветераните, закани за „потомците на окупатори“, односно, за Русите, кои повеќе векови живеат на териториите на денешните Естонија, Латвија и Литванија.
Силен пример е приказната со споменикот „Бронзен војник“, која се случи во Талин во април 2007 година. Неколку дена пред Денот на победата градските власти објавија дека ќе биде „преместен“ (а навистина се планираше да биде срушен). Резултат на масовните протести на руското население е околу 20 убиени или исчезнати без трага. Тоа се случуваше во една современа држава, која тогаш веќе беше членка на ЕУ односно ги промовираше европските вредности, кои како што покажуваат реалните случувања не важат ниту за руското население, ниту за сеќавањата на жртвите на фашизмот. Никој во ЕУ сериозно не ги осуди ниту властите на Естонија, ниту естонските новинари што пишуваа за „Русите што како лебарки излегоа од своите дупки и, живеејќи на територијата на Естонија, имаат дрскост да бараат некакви права“. Во некои државни институции се појавија таблите - Русите не ги послужуваме. 

Никого во „цивилизираниот“ Брисел не го засега и вандализмот на полските власти во однос на спомениците и гробовите на речиси 600 илјади советски војници што ги дале своите животи заради ослободувањето на Полска од фашизмот.  Но како што се вели во една руска поговорка, тешко е само на почеток. Помина сосема малку време и сличните пројави се појавија и во Украина. Таквите трендови се засилија по „соборувањето на диктаторот Јанукович“. Земјата почна активно да ја спроведува политиката на интеграција во НАТО и во ЕУ и речиси веднаш премина на сигурен пат во насока на неонацизмот. И повторно се случи истото: млади во фантомки, луѓе со нацистички симболи, рушење споменици, фашистички маршеви низ градовите.  Но овој пат, сето тоа не заврши само со демонстрации. На целиот свет му е познат случајот за палењето 48 луѓе во Одеса во „Домот на синдикатите“, кое се случи на 2 мај 2014 година. Станува збор за 48 граѓани на Украина што се осмелија да му се спротивстават на државниот удар во Киев. Како и многу други акции на заплашување во Украина ова злосторство сѐ уште не е истражено. Тоа се реалии на „демократската Европа“ - нема никаква осуда на таквите монструозни злосторства, ниту барања да се спроведе „меѓународна истрага“, а виновните да бидат казнети.

Во таквите услови не изненадува и крајно срамната одлука на САД, земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки за членство во ЕУ да се откажат да ја поддржат резолуцијата на Генералното собрание на ОН за борбата против глорификација на нацизмот. Фактот дека неонацизмот и антисемитизмот пак креваат глава веќе го потврдуваат и самите украински политичари. Еден од пратениците на парламентот, Борислав Береза, пред некој ден изјави дека во земјата „пак се обновува антисемитизмот што систематски го наметнуваат одредени политички сили и тоа се претвора во модерна политичка технологија, државата никако не го спречува ниту антисемитизмот, ниту каква било друга форма на ксенофобија“.Таквото прогледување охрабрува. Но ова здрава смисла, која само што се појавува, засега не го опфаќа античовечкиот однос на централните власти на Украина кон населението на Донбас кое за „непокорност“ веќе три години го казнуваат со варварските бомбардирања на градови и села, со транспортна и секакви други блокади, им одземаат храна и лекови, заработени пензии и надоместоци, ги отсекуваат од водовод и струја. Можеби сето тоа засега е „само“ геноцид на населението на еден посебен дел на земјата. Но вистинска вознемиреност предизвикува срамната рамнодушност на западните политичари и одобрување на истата таа од страна на киевскиот државен врв и украинските медиуми.

Еден од „новинарите“ јавно изјави дека е неопходно „едноставно да убие еден или еден и пол милион вишок луѓе на Донбас“, а потоа редот сам ќе се врати. Ситуацијата кога човекот по таквите канибалски изјави не само што не го изгуби работното место, туку и стекна уште поголема популарност, како и право да води сопствена емисија само повеќе плаши. Идеологијата полна со омраза кон човекот, нетолерантноста кон неистомисленици или кон тие што зборуваат друг јазик, што имаат друга вероисповед се клучни карактеристики на фашизмот што повторно се обновува. По Победата во мај 1945 година постоеше надеж дека ќе можеме засекогаш да ги затвориме овие темни страници на историјата. Но, за жал, ... Во низата настани од изминатите две децении се страшните случувања во земјите на арапскиот исток. Небаре од средниот век се појавија луѓе што го проповедаат „правилниот ислам“ и се стремат да ја исчистат територијата „од неверници“. И ние пак сме принудени да се запрашаме и како и зошто се појавува ова зло, стремеж кон диктатура над други народи и земји што сакаат да живеат во согласност со своите традиции и историско искуство бидејќи независно од нивната големина го имаат таквото право.  

Трендовите што доминираат на Западот во изминатите децении јасно се дефинирани - насекаде присутното и дрско мешање во внатрешните работи на други земји, наметнувањето на некоја „демократска политичка култура“, обидите за воспоставување на тоталната контрола врз политички, културен и информативен простор, демонизирање на оние што имаат храброст и достоинство да му се спротивставуваат на ова лудило. Сѐ се прави според пропагандните шаблони на германските нацисти, но со поголем замав, со користење на современите технички достигнувања. И доколку целата светска заедница не сака да се најде на прагот пред глобален судир, треба да биде јасно - наметнувањето туѓа волја на други земји, дури и со добри намери, принудувањето за промена на легално избрани влади се неприфатливи. Тоа води кон нестабилност, заемна омраза и крвопролевање. Грубото мешање однадвор не води кон воспоставување постојан мир, напротив, истото тоа затрупува цели региони со хаос и перманентни конфликти на подолго време, како што се случи во земјите на Северна Африка, Блискиот Исток и Централна Азија. Засилувајќи ја трката за вооружување и политиката на санкции, создавајќи од Русија непријател, поддржувајќи и финансирајќи радикални движења, идеолозите на „светскиот поредок“ мислат дека ќе успеат да ја задржи ситуацијата под контрола. Но ние се сеќаваме кон што може да доведе русофопската политика на Западот, обидите за изолација на Русија и омаловажувањето со сурови лекции од историјата. Ние многу го цениме мирот, добро знаеме колку е висока неговата цена. И затоа ние немаме право да молчиме и покорно да чекаме, кога најстрашното ќе се повтори. Нека е честит празникот на големата победа! Да бидеме достојни на светлиот спомен на победниците на фашизмот!