Назад

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРОМОЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКИ РУСКО-МАКЕДОНСКИ МАРКИ

На 6 февруари 2017 година во Скопје се одржа промоција на заеднички руско-македонски марки. Настанот беше организиран од Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со АД „Македонска пошта“ по повод 23-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Церемонијата ја отвори заменик-директорот на АД „Македонска пошта“ Г.Боболински кој ги запозна присутните со историјата на создавање на марката. Исто така Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, им се обрати на пристутните многу бројни гости меѓу кои беа заменик-министер за култура на Република Македонија, г-дин Драган Неделковиќ, претставници од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, од Македонската Православна Црква, политичките партии, дипломатскиот кор, руски компании кои функционираат во Република Македонија и од македонскиот бизнис.

За време на настанот на Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, д-р Шабан Салиу и началникот на одделението за техничко обезбедување на Дирекцијата, г-дин Димитар Митевски им беа доделени награди на Министерството за вонредни состојби на Русија „За сојуз во име на спасување“ како одликување за нивниот придонес за руско-македонската хуманитарна соработка.