Назад

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ТАТКОВИНАТА

На 22 февруари 2017 година Амбасадата одржа традиционален прием по повод Денот на бранителот на Татковината. На свечениот настан беа присутни Министерот за одбрана на Република Македонија, г-дин Зоран Јолевски, Министерот за финансии, г-дин Кирил Миноски, високи претставници на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, на Генералштабот, на Министерството за надворешни работи, на градот Скопје, како и Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, амбасадори и воени аташеа на другите земји, политички и општествени дејци, раководителите на руските компании што функционираат во Република Македонија, новинари, македонски бизнисмени.