Назад

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА

На 13 јуни 2017 година Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија одржа државен прием по повод националниот празник – Денот на Русија. Во свечената прослава зедоа учество заменик-Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, Министерот за финансии, г. Драган Тевдовски, Министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески, Министерот за култура, г. Роберт Алаѓозовски, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Љупчо Николовски, Министерот без ресор, г. Зоран Шапуриќ, делегација од Кабинетот на Претсетдателот на Република Македонија, пратеници во Собранието, Поглаварот на Македонската православна црква-Охридкса Архиепископија г.г.Стефан, градоначалници, раководители на политички партии, шефови на дипоматските мисии и претставници на меѓународните организации акредитирани во Скопје, политички и општествени дејци, бизнисмени, новинари, руски сонародници, активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство.

Свеченоста ја отвори Амбасадорот на Русија во Македонија г. Олег Шчербак, кој ги поздрави присутните и истакна дека ”Русија е стар и докажен пријател на Македонија. Русија не на зборови, туку на дело ја смета Република Македонија за рамноправен партнер, со почит се однесува кон нејзиното мислење и искрено е заинтересирана за нејзините стабилност и просперитет. Кои политички сили и да се на власт во Македонија, Русија е отворена за заемно полезна соработка во сите сфери и е подготвена да ја унапредува толку длабоко и широко колку за тоа е подготвена македонската страна. Цврсто сум убеден дека таквиот пристап им одговара на темелните интереси и на Русија, и на Македонија, и на регионот“.

Државните химни на двете земји, како и неколку популарни руски народни песни ги изведоа победниците во меѓународниот вокален натпревар ”Романсијада“. На приемот присутните имаа можност да ги разгледаат изложбата за животот и делото на композиторот Игор Стравински, а и поставката посветена на руски ликовни занаети.