Назад

ОГЛАС ЗА УЧЕСТВО ВО МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БЕСМРТЕН ПОЛК„

Фото Посольство России в Македонии/Амбасада на Русија во Македонија.

Драги пријатели!

На 6 мај оваа година на плоштадот "Македонија" во Скопје Амбасадата на Русија во Македонија и здруженија на руски сонародници во Македонија ќе одржат манифестација „Бесмртен полк“. Таа манифестација е традиционален настан кој се одржува во сите градови на Русија, како и надвор од земјата во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот и претставува чин на сеќавање и оддавање почит на сите херои-антифашисти кои загинале борејќи се за слободата и неазвисноста на своите земји и на целата Европа.

Оваа година во рамките на настанот се планира на плоштадот во центарот на Скопје да се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат поставени портрети на учесници на антифашистичкото движење. Ги покануваме сите кои не се рамнодушни кон меморијата за хероите кои се бореле против фашизмот да земат учество во создавањето на "Ѕидот на сеќавање" и за на тој начин заедно на сите да им потсетиме на хероите  кои загинале заради нашата денеша слобода. 

Сите кои сакаат да учествуваат во настанот ги молиме да испратат слики на своите роднини и најблиски кои се бореле против хитлеровите агресори во состав на армијата и на партизанските единици или кои биле жртви на наци-фашистичкиот терор на следнава електронска адреса на Амбасадата - skopje@mid.ru. Сликите заедно со информативни податоци (годините на живеење и кратка биографија) се примат до 26 април оваа година.

Однапред ви благодариме за соработката!