Назад

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА СТУДИРАЊЕ ВО РУСИЈА ЗА ДРЖАВЈАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Амбасадата на Руската Федерација распишува конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии во високообразовни институции на Руската Федерациjа во 2017/2018 академска година. На запишаните студенти од Македонија Руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересирани кандидати треба да ги поднесат следните документи:

- пријава (Application Form) со приложена фотографија во боја, пополнета на руски или англиски јазик;

- фотокопии од страниците на пасошот со основните податоци кои се потребни за издавање виза. Пасошот треба да има рок на важење не помалку од 18 месеци сметано од денот на првиот влез во Русија;

- лекарско уверение заверено од официјална здравствена установа;

- потврда за извршен тест за ХИВ-вирусот заверена од официјална здравствена установа;

- фотокопија од документот за завршено образование заверена кај нотар, со листа на наставните предмети и оценки од испитите. Доколку кандидат сѐ уште го нема добиено документот за завршено образование, треба да поднесе уверение со тековни оценки заверено од својата образовна установа;

- кандидати за аспирантурата (постмагистерски студии) покрај горенаведените документи, треба да достават список на објавените научни трудови (доколку има) и краток реферат на руски јазик по темата на идното научно истражување.

Сите документи треба да имаат превод на руски jазик и да бидат заверени кај нотар. Шифрите и точните називи на одбраната специјалност за пополнување на Пријавата, како и информации за сите државни високообразовни институции на Руската Федерација кои учествуваат во програмата, се достапни на сајтот http://www.russia-edu.ru/.

            Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани горе наведени документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација).

Рокот на пријавување е до 26 февруари 2017 година.

            Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат поканети за интервју кое ќе се одржи на 27 февруари 2017 година во Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје (ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.28). На интервјуто кандидатите треба да дојдат со оригиналите на поднесените документи.

Конечната одлука за прием на кандидатите кои успешно го поминаа конкурсот, ја донесуваат самите образовни установи (факултети) за кои кандидатите аплицирале во своите пријави. Секој кандидат може да аплицира за обука во најмногу 6 универзитети (не повеќе од два во еден федерален округ на Руската Федерација). Доколку кандидат, од било кои причини, биде одбиен од сите образовни установи за кои аплицирал во својата пријава, за местото на неговите студии (факултет) ќе одлучи Министерството за образование и наука на Руската Федерација.

Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето. Кандидатите кои не го знаат доволно рускиот јазик, имаат можност да го учат на подготвителни факултети во државните високообразовни институции на Руската Федерација според дополнителна програма. Обуката трае една година, не се вклучува во рокот на студиите по основната образовна програма и е на трошок на Руската страна.

Руската Влада не ги покрива патните трошоци на кандидатите. Образовните институции (факултети) немаат обврска околу обезбедување престој во Русија на членовите на семејствата на странските студенти, постдипломци или стажанти.

За добивање виза кандидатот треба да се запознае со финансиските услови за престој во Русија и да го потврди тоа со својот личен потпис.

Подетални информации за условите на доделување државни стипендии за студии во високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru/