Назад

ОДГОВОР НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА МНР НА РУСИЈА, МАРИЈА ЗАХАРОВА, НА ПРАШАЊЕТО ОД МЕДИУМИТЕ ВО ВРСКА СО НАПИСОТ НА АГЕНЦИЈАТА ”БЛУМБЕРГ“ СО ОБВИНУВАЊАТА НА АДРЕСА НА РУСИЈА ЗА МЕШАЊЕТО ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА

Прашање: Каков е Ваш коментар во врска со провокативниот напис на агенцијата ”Блумберг“ со обвинувањата на Русија за мешањето во внатрешните работи на Македонија?

Одговор: Обрнавме внимание на написот за наводното мешање на Руската Федерација во внатрешните работи на Република Македонија објавен од агенцијата „Блумберг“ и широко цитиран од балканските медиуми. При тоа „Блумберг“ несовесно се повикува на некое интервју на Министерот за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, чијшто текст „Блумберг“ не го објави. Со оглед на тоа што во јули оваа година жртва на сличната провокација на агенцијата беше Претседателот на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, настојчиво ја замолуваме агенцијата „Блумберг“ да го објави интегралниот текст или аудио/видео снимка на интервјуто на Радмила Шекеринска.

Истакнуваме дека обвинувањата на адреса на Русија за мешањето во внатрешните работи на Македонија се целосно измислени и се потпираат само врз недокажаните обвинувања на русофоби, како и врз медиумските шпекулации организирани од нивната страна. Ваквите инсинуации ги гледаме како обиди на непријателите на Русија и на Македонија да ги отежнат традиционално пријателските односи меѓу нашите две земји, да го одвлечат вниманието на македонските граѓани од реални закани по суверенитетот и територијалниот интегритет на нивната земја поврзани, меѓу другото, и со вовлекување на Скопје во НАТО по секоја цена, без водење сметка за темелните национални интереси.

Поради основани сомнежи во совесноста на „Блумберг“, од македонската страна очекуваме појаснувања во однос на веродостојноста на тврдењата кои ѝ атрибуиираат на Радмила Шекеринска и кои сè уште не се демантирани и дури се повторени на веб-страната на Министерството за одбрана на Македонија. Ваквите изјави силно се разликуваат од уверувањата на официјалното Скопје за стремежот на Владата на Македонија кон унапредување на конструктивните и заемно полезни односи со Русија, сестрано проширување на руско-македонската соработка.