Назад

КОМЕНТАР ЗА МЕДИУМИТЕ

Руската Федерација континуирано ја подржува безбедноста и стабилноста на Република Македонија како независна, суверена и територијално интегрална држава.

Убедени сме дека излез од тешката внатрешнополитичка криза која ја зафати Република Македонија може да биде најден исклучиво во рамките на постоечкото уставно поле, врз основа на општопризнаените норми на демократското општество. Сите обиди да се меша во овој процес од надвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија, се многу опасни и мора да бидат отфрлени од страна на светската заедница. Принципите на суверената еднаквост на државите, а немашање во внатрешните работи на други земји се од универзален карактер и нивно непочитување претставува грубо кршeње на меѓународно право.

Сметаме за контрапродуктивни шпекулации на оделни политичари кои бараат причини на внатрешнополитичката криза во Македонија во равилитет меѓу големите сили. Таквите констатации се слични со неодговорните тврдења на извесните милитантни политичари кои пред извесно време Република Македонија ја ставија “на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва”.

Одлучно ги осудуваме обидите на надворешни сили да го злоупотребуваат факторот на комплицираните меѓуетнички односи за сопствени конјунктурни цели. Таквите ризични дејствија не само што не придонесуваат за изнаоѓање на решение за постоечките политички разлики, туку се многу опасни за државава, им нанесуваат голема штета на темелните интереси на Република Македонија, а и на интересите на соработката и на стабилноста во регионот.