Назад

КОМЕНТАР НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПЕЧАТ ВО МНР НА РУСИЈА ВО ВРСКА СО ПРОВОКАТИВНИТЕ ОБВИНУВАЊА НА РУСИЈА ЗА МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Обрнавме внимание на објавениот материјал од интернет-проектот OCCRP (Центар за истражување на организиран криминал и корупција) широко цитиран од медиумите, за наводно мешање на Руската Федерација во внатрешните работи на Република Македонија во изминатите години. Тое е ништо друго освен уште еден несмасен обид да се префрли одговорноста за предизвикувањето на длабоката криза во македонската држава. Недокажаните обвинувања на адреса на Москва дека го финансира македонските медиуми за да шири дезинформации во интерес на руските политики, потекнуваат од огранизација чиишто главни спонозри се државните структури на САД и фондацијата на Џорџ Сорос. Со други зборови токму тие што отворено земаа непосредно учество во режирање на настаните на македонската внатрешнополитичка сцена, се обидуваат да пласираат некакви си обвинувања на сметка на Русија која од самиот почеток доследно се залагаше против наметнување на надворешни деструктивни решенија во Скопје.

Притоа OCCRP, се разбира, го премолчува тоа што навистина го предизвика сериозното заострување на ситуацијата, а тоа се бескрупулозниот притисок од страна на Брисел и Вашингтон врз легимното раководство на Македонија со цел да се наметнат решенија кои не им одговараат на националните интереси на земјата, одбивањето од страна на Западот да ја осуди озлогласената ”тиранска платформа“, која е пројава на големоалбанската идеологија. Очигледно е дека на најдобар начин за надворешното мешање сведочи случајот со истакнувањето на знамето на Албанија од страна на претстедателот на парламентот во својот кабинет. Додека ниту руско, ниту српско знаме не било истакнато.