Назад

КОМЕНТАР НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПЕЧАТ НА МНР НА РУСИЈА ВО ВРСКА СО НАПИСОТ НА "ДОЈЧЕ ВЕЛЕ"

Обрнавме внимание на вознемирувачката содржина на написот објавен во македонската редакција на "Дојче Веле" во кој се прави обид на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, да му атрибуира идејата за поделба на Република Македонија која неодамна ја искажа г-дин Дејна Рорабакер. Сергеј Лавров не само што не ги даваше таквите изјави, туку спротивно одлучно ги осудуваше провокациите од тој тип.

Јасно е дека оваа измислица е чиста провокација чија цел е да се поткопа угледот на Русија во Балканскиот регион, уште повеќе да ја "подгрее" ситуацијата во Македонија. При тоа грубото мешање на поранешната администрација на САД и на ЕУ во внатрешните работи на македонската држава, користење на деструктивните методи на "обоената револуција", обидите да се наметнат шеми на формирање на власта кои и се спротивни на волјата на гласачите изразена на парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година кај споменатото издание не доведоа до демант. Убедени сме дека токму ваквите пројави на крајот на краиштата водат кон поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.