Назад

КОМЕНТАР НА АМБАСАДАТА ВО ВРСКА СО НАПИСИТЕ ВО SUNDAY TIMES

Уште неодамно многумина не веруваа дека активната инволвираност на британските медиуми во информативни војни може да ги поткопа темелите на традиционално силното британско новинарство. Но сега одговорот е повеќе од очигледен: квалитетот на британското новинарство неповратно деградира. Најнова потврда за тоа е низа написи за Македонија објавени на 30 април, 2 и 7 мај во весникот ”Сандеј Тајмс“.

Во тие текстови потпишани од Бојан Панчевски со ударни наслови за наводно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија е собрана толку силна концентрација на занемарување на фактите, толку болен стремеж кон подметнувања и отворени лаги што целиот овој делириум веќе не може да се нарече производ на професионално новинарство. Многу е жално дека стандардите на британските медиуми денес паднаа толку ниско што дури еден од најстарите весници во Англија, ”Сандеј Тајмс“, сега мора да објавува волку ефтини пропагандистички фејкови.

Безнадежно и бесмислено е да се демантираат сите овие лапсуси и фејкови на оваа ”бондијана“ каде што бујната фантазија на авторот и на неговите ”извори“ нема ништо заедничко со фактите и реалноста.

За што сериозно може да се дискутира со ”експерт“ кој со цел памет тргнува да пишува за ситуацијата во Македонија, ама не ги ни знае резултатите од предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година? За што може да се разговара со ”аналитичар“ кој актуелната македонска влада ја нарекува ”промосковска“ и истовремено тврди дека ”Русите вршат директен притисок врз владата на Македонија со цел да ја пренасочи кон Москва“. Каде е логиката или барем елементарниот здрав смисол?

Нив ги нема, како што нема и критичка анализа на политичките и на други последици за Македонија од грубото и противзаконско мешање на западната дипломатија во внатрешните работи на оваа земја која стана објект на бескрупулозни притисок, уцени и закани од страна на Брисел, Вашингтон и Лондон кои се прогласија себе за ”стожери на демократијата“.

Но затоа во изобилство е присутен стремежот на западните земји и на новинарите што се на нивна служба, да ја префрлат врз Русија одговорноста за хаосот и меѓуетничките тензии што во Македонија и во целиот регион ги создава самиот Запад.

Како на крајот на краиштата ќе заврши оваа уште една авантура на Западот на Балканот, засега тешко е да се каже. Јасно е едно: ”Сандеј Тајмс“ и понатаму неуморно ќе измислува сè нови поводи за разобличување на ”плановите на Кремљ“, а добро штелуваната машинерија за производство на русофобски фејкови во Лондон ќе продолжи да работи без прекин.