Назад

КОЛУМНА НА АТАШЕ ВО АМБАСАДАТА, г-дин МИХАИЛ ЛУШИН, ОБЈАВЕНА ВО "ДНЕВНИК", 20.04.2017

 

            ЗА ХИБРИДНА ЛУДНИЦА

Кога сите спортисти на руската паралимписка репрезентација паушално и со кршење на сите правни норми беа исклучени од учеството во Паралимписките игри во Рио де Жанеиро, се чинеше дека политичките цинизам, лицемерност и двојни стандарди го достигнаа нивниот врв, а лимитот на подлоста е исцрпан. Но скандалозната ситуација околу одржувањето на натпреварот «Евровизија» во Киев повторно нè натера да се убедиме дека гнасноста на аморални политикани нема граници.

Руската девојка од малиот северен град Ухта, Јулија Самојлова, од 13 години е врзана за инвалидска количка. Но Јулија не се предаде, напорно се трудеше надминувајќи ги својот хендикеп и самата себе, и на 14 години стана добитник на награда на серускиот вокален натпревар «Крилата на сонот». Во 2013 година Јулија освои второ место во рускиот национален телевизиски натпревар «Фактор-A». Гледачите и жирито беа восхитени од нејзиниот талент, феноменалниот глас и силата на духот, и од овој восхит целосно заборавија за инвалидитетот на девојката. Според Јулија, таа сонуваше да земе учество во популарниот музички натпревар «Евровизија-2017» не само заради сопствена реализација како пејачка, туку пред сè со цел да им даде пример и надеж на десетици илјади инвалиди јасно покажувајќи им дека и тие можат да станат посилни од нивни тешки болести и да стигнат до творечки врвови. Претстојниот натпревар «Евровизија-2017» планиран за мај оваа година требаше да биде кулминација, своевиден happy end на оваа сосема не холивудска, туку реална приказна, во чиј центар се тешката судбина и светлиот сон на кревката и талентирана девојка Јулија. Сите што го следеа нејзиниот, без секакво преувеличување, човечки подвиг, се разбира, на Јулија ѝ посакуваа успех и беа убедени дека нејзиното учество во овој музички празник ќе воодушеви десетици милиони гледачи на «Евровизија» кои во изминатите неколку години се уморија од скандали и политички интриги.

Но Украина, земја-домаќин на «Евровизија-2017» на Јулија ѝ забрани влез на нејзината територија и на тој начин ги украде овие надежи и соништа. Причина за оваа толку античовечка и без преседан во 60-годишната историја на овој натпревар одлука стана настапот на пејачката во 2015 година на добротворниот музички фестивал «Свет на спортот и на доброто» во Крим кој властите на Украина и покрај сенародното изразување на волјата на населението на оваа република во 2014 година, продолжуваат да го сметат за украинска територија. Поради овие причини украинските безбедносни служби изјавија дека настапот на Јулија Самојлова во Киев на натпреварот «Евровизија» претставува ”закана за национална безбедност“ на Украина и прекршувајќи ги правилата на организација на таквите меѓународни настани на Јулија ѝ забранија влез во Украина.

Пред неколку дена привремениот вршител на работите на Украина во Македонија, Ростислав Палагусинец, се обиде да ја оправда оваа незаконска и апсурдна во секоја смисла одлука на киевските власти. Меѓу другото, тој ја нарече девојката-инвалид инструмент на ”хибридната војна на Русија против Украина“, а перспектива на нејзиното учество во натпреварот во Киев ”опасен преседан“. За жал, во оваа параноична хистерија нема ништо ново и изненадувачко. Во текот на изминатите три години украинските власти, кои се инспирираат од идеите на средновековната инквизиција и на наци-фашистичката Германија, веќе ставија на црни листи за влез во Украина стотици руски пејачи, артисти, музичари, сликари, режисери, забранија или иззедоа од библиотеките стотитци руски книги од советски и руски писатели. Се што е поврзано со Русија и Русите се жигосува како ”окупаторски јарем“, ”извор на хибридна агресија“ и се подлага на систематска хајка. Под тоталитарниот булдожер на украинската цензура се најдоа руски телевизии, филмови, како и заедничкото културно и историско наследство на двете земји создадено во времето кога рускиот и украинскиот народ живеаја пријателски во една држава. Објект на гонење стана и руски јазик порано мајчин за милиони Украинци, а сега прогласен за «хибриден». Неодамно се случи уште една флагрантна провокација. Украински неонацисти кои не беа спречени од властите оневозможија одржување «сеопшт диктат» во Киев. «Сеопшт диктат» е уникатна меѓународна образовна акција во чии рамки секој може да провери свои познавања на рускиот јазик.

Нема ништо ново и во туку што јасно пројавеното занемарување од страна на властите на Украина, земја-домаќин на «Евровизија-2017», со нивните меѓународни обврски. Омаложувачкото однесување на Киев кон правото и принципите на владеење на правото веќе стана норма за политичката култура на постмајданската Украина. Во овие услови забраната за влез на Јулија Самојлова изгледа доста закономерно. Ништо друго и не можевме да очекуваме од политичарите кои го прегазија Уставот на сопствената земја и во февруари 2014 година извршија државен удар, политичарите кои се виновни за смрта на десетици илјади недолжни цивили меѓу кои беа деца, старци и жени кои загинаа на Југоистокот на Украина во секојдневни артилериски бомбардирања на градови во Донбас, за киднапирања на свои политички опоненти, за создавање тајни затвори и извршување териростички напади. Што им е до судбината на уште еден човек, кој се вика Јулија Самојлова, која истите, фала му на Бога, не ја убија, а само ѝ го згорчија животот и му го украдоа на инвалидот неговиот сон.

Убеден сум дека и покрај толку аморалните и незаконски дејствија на украинските власти, приказната задолжително ќе заврши со happy end, а централен настан во творечката кариера и во животот на оваа убава руска девојка од малиот северен град Ухта уште е пред неа. Претставници на најголемите руски телевизии ”Канал 1“ и ВГТРК веќе изјавија дека токму Јулија Самојлова ќе ја застапува Русија на натпреварот ”Евровизија“ во наредната година независно од место на негово одржување.