Назад

ИЗЈАВА НА СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ВО ВРСКА СО ДОПИСИТЕ ЗА НАВОДНA ВМЕШАНОСТ НА РУСИЈА ВО ОБИДОТ ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО ЦРНА ГОРА, 20.02.2017

Во врска со дописите за наводна вмешаност на Русија во обидот за државен удар во Црна Гора, интегрално ја пренесуваме изјавата која Министерот за надворешни работи на Русија, г-дин Сeргеј Лавров, ја даде како одговор на таквите тврдења за време на прес-конференцијата одржана на 20 февруари 2017 година по завршувањето на преговорите со Министерот за надворешни работи на Буркина Фасо.

Прашање. Ве молам за коментар во врска со дописите на британските медиуми и изјавата на специјалниот јавен обвинител на Црна Гора, г-дин Миловоје Катниќ, во кои се вели дека руски државни институции наводно беа вмешани во обидот да се изврши државен удар за време на изборите во Црна Гора во октомври 2016 година.

Сергеј Лавров. Знаете, дури не сакам да го коментариам тоа. Сфаќам дека британските медумие сè ги засега. Истите повеќе пати самите кажуваа се за себе, меѓу другото, и во таквите абсолутно “исцицани од прстот” ситуации какви што се предметот “Александар Литвиненко” и начинот на кој тие го толкуваа.

Во однос на “веста” која ја спомнавте можам да кажам дека таа спаѓа во истиот ред што и другите неосновани обвинувања против нас и нашата земја, меѓу кои се и тие за хакерските напади врз скоро целиот Запад, за мешањето во изборните кампании на поголемиот дел на западните земји, за врската меѓу руските безбедносни служби и Администрацијата на Доналд Трамп, како и за многу други работи. Ниту едно од тие неосновани обвинувања не беше поткрепено со факти. Меѓу тоа постојат доста факти за активното мешање на Администрацијата на Барак Обама во изборните процеси во Франција во 2012 година, како и за шпионирање од страна на Администрацијата на раководството на Германија и на другите европски земји. Ми се чини, подобро е да не се префрлува вината, туку да се дознава вистината. А вистината не се дознава од страниците на весниците, каде има потреба само од бомбастични наслови, туку во спокоен, кокретен дијалог. Доколку постојат прашања, предлагам да ги разгледуваме и конкретно да воспоставуваме соработка во борбата против различни закани, меѓу другото и против сајбер криминалот.

Ние исто така читаме интересни работи. Например, за скандалот кој беше создаден околу советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајкл Флин кој работеше на таа позиција само неколку недели. Амерканските безбедносни служби на новинарите абсолутно официјално, иако и анонимно, им раскажуваа дека, например, секојдневно се прислушуваат “комуникициите”, како тие сами ги нарекоа, на нашиот Амбасадор во САД, г-дин Сергеј Кислјак, вклучувајќи ги и извештаите во Москва за негова дејност со која тој се занимава во Вашингтон извршувајќи ги своите обврски. Поради тоа подобро е да се обрнува внимание на активностите на тие кои многу одамно докажаа дека се обидуваат да следат било какви процеси во целиот свет, меѓу другото и на таквите начини кои одамно се признаени за, благо кажано, не сосема легитимни.