Назад

ИНТЕРВЈУ НА АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОЛЕГ ШЧЕРБАК ЗА AL JAZEERA BALKANS

На 13 април оваа година Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Шчербак, даде кратко интервју за новинарката на Al Jazeera Balkans, г-ѓа Милка Смилевска. Доле интегрално го пренесуваме текстот на интервјуто.

Милка Смилевска: Koja е позиција на Руската Федерација за политичката криза во Македонија?

Олег Шчербак: Ќе почнам од принципиелно важен момент. Русија и Македонија се пријателски земји и ние, се разбира, би сакале Република Македонија да биде стабилна и просперитетна држава. Русија беше една од првите земји кои ја признаа Република Македонија со нејзиното уставно име. Русија цврсто се залага за зачувување и зацврстување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Тоа е нашиот главен интерес во Република Македонија.

За жал во изминатите неколку години Македонија поминува низ серизона политичка криза предизвикана од грубо надворешно мешање. Од своја страна Русија никогаш не се мешаше и не се меша во внатрешните работи на Република Македонија и од сите други држави ние го очекуваме истиот таков одговорен пристап основан врз меѓународното право.

Би сакал да потсетам дека во декември 2016 година во Македонија се одржаа предвремени парламентарни избори. Нивните резултати се добро познати, а самите избори беа сертифицирани меѓу другото и од страна на меѓународната заедница. Убедени сме дека обидите изборните резултати да се занемарат и ревидираат со помош на постизборните технологии меѓу кои е и така наречената “тиранска платформа”, самиот демократски изборен процес го претворуваат во фарса и уште повеќе ја дестабилизираат состојбата.

Неопходно е да се престане со секое надворешно мешање во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на граѓаните на оваа земја самостојно да одлучуваат за нивната судбина во согласност со Уставот на земјата, законите на Македонија и темелните демократски принципи. Поаѓаме од тоа дека народот на Македонија со целото негово повеќевековно историско искуство може сам да ги решава своите внатрешни проблеми. 

 

Линк за прилогот на Милка Смилевска од Al Jazeera Balkans

https://www.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=le_MuFXjzag&app=desktop